Сам можеш многу малку но

ЗАЕДНО МОЖЕМЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ДА НАПРАВИМЕ



АБ Глобал Логистика е основана во Гевгелија во 2015 година како претпријатие специјализирано за организирање меѓународен транспорт во патниот сообраќај.



АБ Глобал Логистик флотата е модерна флота со тешки композиции кои ги опфаќаат EURO6 еколошки стандарди. За да ги исполниме барањата на растечкиот меѓународен пазар, ние постојано бараме нови партнерства за увоз – извоз и други кооперативни превозници.



Имаме комплетно CMR осигурување, 24-часовна комуникација како и GPS покритие со нашите возила каде и да се. Вршиме транспорт во рамките на ЕУ, Бугарија, Грција и Турција и работиме со ECMT / CEMT лиценци.




Ние сме познати по следењето на најновата технологија. Гарантираме врвен квалитет и навремена услуга по конкурентни цени од нашиот стручно обучен и мотивиран тим од млади луѓе.



Специјализирани сме за транспорт на свежи и замрзнати производи.
Имаме 18 приклучни возила за овој вид транспорт кои се специјално опремени за превоз на свежа и замрзната роба.



Денес, по долгогодишните подобрувања и достигнувања, ние продолжуваме да бидеме успешни благодарение на нашите партнери и клиенти во одржувањето на добрата репутација на национално и меѓународно ниво.



МИСИЈА И ВИЗИЈА

Имаме за цел да станеме познати како најфлексибилен и најсигурен снабдувач на логистички услуги и транспорт во земјите каде што сме активни.

Свесни сме дека секој успех започнува со напор.

Сакаме да создадеме атмосфера во која луѓето ќе напредуваат и каде што вработените, клиентите и партнерите ќе бидат мотивирани да се стремат да станат дел од успехот.


ablogistics_aboutus_circle-320x320.jpg

АБ Глобал Логистик


☎ Моб: +389 70 221 311
☎ Моб: +389 70 383 700
☎ Моб: +389 71 290 800
✉ E-mail: office@ablogistics.mk

Заследете не

   

Имате прашања?

Ќе добиете одговор што е можно поскоро